2-Д баркодови
Tagdevin развива иновативни и едноставни решенија засновани на новите технологии дводимензионални баркодови (2-Д баркодови) и на растечката присутност на мобилни телефони од новата генерација, наречени паметни телефони (smartphones).
Посебноста на 2-Д баркодовите како што се FlashCode или
QR-Code
е во тоа што можат да бидат прочитани и интерпретирани со мобилни телефони од новата генерација - наречени паметни телефони
Пповеќе нема потреба од спцијални и скапи читачи на кодови. Со едноставно визионирање на 2-Д кодот
со камерата на вашиот мобилен телефон пристапувате до кодираната содржина. Технологијата станува достапна на сите и за сите.
Tagdevin функционира со QR-Code (Quick Response) и го одбра поради
едноставноста за работа и преносливоста насекаде во светот. Овој 2-Д код е креиран од јапонската компанија Denso-Wave во
1994г. Овозможува кодирање на 7 089 нумерички знаци или 4 296
алфанумерички знаци; најмалата димензија на отпечатениот 2-Д код е ограничена на 2см.
„Паметни“ телефони
Паметен телефон (« smart phone на англиски ») е мобилен телефон сè во едно кој се користи за интегрирани комуникациски и информатички функции: телефонија, SMS-пораки, поврзување (3.5G, Wifi, Bluetooth), управување со приватни податоци (контакти, календар, управување со задачи), пристап до интернет и електронска пошта, мултимедиски податоци (текст, слика, музика, видео) и навигациски - GPS сервиси.
Актуелните генерации на паметни телефони достигнуваат ниво на користење и поврзаност сè поблиско на она кое вообичаено го практикуваме на интернет преку стандардни персонални компјутери.
Иднината на пазарот на паметни телефони е бездруго ветувачка, што впрочем може да се види од следните податоци за Франција:
[2] Во ноември 2009, во Франција имаше 3,5 милиони корисници на паметни телефони, од кои 1,6 милиони се iPhone ;
[3] Паметните телефони се околу 15 % од вкупниот број на апарати купени во Франција.
Како функционира ?
СИМНЕТЕ програм што чита QR-Code.
За БЕСПЛАТНО симнување на читач за вашиот паметен телефон, од вашиот телефон одете на http://m.mobiletag.com или на http://m.lynkee.com или (за Франција) испратете SMS со содржина TAG на 30130. Ако читачот од било која причина не профункционира, кликнете тука за да си обезбедите соодветен читач на кодови.
ВИЗИРАЈТЕ го 2-Д кодот со вашата камера.
Со препознавање на кодот од страна на читачот автоматски се поврзувате со соодветниот мобилен веб сајт.
СУРФАЈТЕ.
Консултирајте ја бесплатно и неограничено интерактивната, мултимедиска и повеќејазична содржина соодветна на 2-Д тагот.
Пробајте ги следните 2-Д кодови ...