Ефикасна и оригинална алатка за комуникација

За сите винарии, продавачи на вино, дистрибутери, винарски групации, и сл. Tagdevin нуди една алатка за комуникација која е модерна, оригинална и прилагодлива на вашите потреби.

Од аспект на начин на комуникација од front office Tagdevin го карактеризираат едноставност, бесплатност, мобилност и интерактивност.

Покрај ова Tagdevin нуди, исто така, и иновативни сервиси во back office. Корисникот има персонализирана сметка преку која во секој момент има преглед на бројот на пати на визуелизирање на неговиот код, на местото (со прецизност до 30 метри) и на времето. Со други зборови има директен увид во потрошувачките навики и предиспозиции на своите потрошувачи. Важен аспект на оваа технологија е практичноста на повеќејазичната презентација на информациите за производот и независноста од реалната просторна локација.

Tagdevin исто така овозможува креирање и следење на вистинска заедница на потрошувачи - корисници на вашите производи или услуги. Преку својот систем на препораки, ви овозможува автоматско генерирање на листа на email адреси на потенцијални клиенти. Оваа листа на потенцијални клиенти е составена од релевантни потенцијални клиенти бидејќи вашиот продукт или сервис им бил препорачан од страна на нивен пријател.

Ако продавате вино, Tagdevin ви овозможува дополнителен сервис на стекнување на доверба преку поставување на коментари и/или видео на дегустации или енолошки уптаства реализирани од ваша страна:накратко, вашата експертиза станува достапна до вашиот клиент кои потоа може да ја сподели со своите пријатели на модерен начин и во целосен конфор дружејќи се со вашиот производ. Tagdevin е навистина еден медиум кој прави разлика во однос на конкурентните и претставува интелигентна и напредна технолошка поддршка на позетивна промоција и создававање на доверба. Клиентите ќе продолжат да го бараат вашиот производ, но одсега не само за да купат вино туку и да добијат и дел од вашата експериза која сте ја кодирале во вашиот 2-Д код.

Ако сте дистрибутер, Tagdevin ви овозможува поефикасна промоција на вашите понуди, а со тоа и поефикасно работење.

Мобилен сајт на повеќе јазици

Tagdevin ви стои на располагање со своите специјалисти на странски јазици и ви овозможува ефикасна комуникација со вашите клиенти во странство .  

Покрај македонскиот, имаме поддршка и на многу други јазици како на пример: албански, англиски, германски, италијански јапонски, португалски, руски, француски, шпански и др.


Интерактивна и мултимедиска содржина

Tagdevin нуди мултимедиска поддршка за претставување на вашите содржини: текст, фотографија,  звук, видео, а наскоро и анимација и виртуелна реалност.


Медиум за непосредна комуникација

Вашиот најдобар претставник е секако вашето шише. Тоа е најблиско до потрошувачите и е носител на вашиот имиџ. Сепак, неговата оригиналност и специјалност не доаѓаат до израз во самите продавници и пред потенцијалниот клиент кој има потреба од повеќе информации од оние што можат да се најдат на малите етикети.

Со Tagdevin вашите шишиња зборуваат, раскажуваат, го пренесуваат вашиот имиџ директно на самото шише - вашата прва витрина за потрошувачите.

Мобилна и промптна комуникација

За разлика од класичниот веб сајт, Tagdevin овозможува комуникација со клиентите на најдоброто место и во востинскиот момент бидејќи самиот клиент одлучува кога и каде да ја добие саканата информација. Оваа технологија овозможува непосреден одговор на потребите и желбите на клиентот кој го визуализира тагот кај дистрибутер - пред продажба, во винарија, во продавница или меѓу своите пријатли при дегустацијата. Tagdevin е дискретна технологија: иницијативата е на страната на корисникот.

Вистински медијатор

Благодарајќи на системот за анотација Tagdevin ви обезбедува прецизни и непристрасни повратни информации.

Со помош на системот за препорачување Tagdevin ви овозможува збогатување на вашата база на email адреси на клиенти кои со тоа што се препорачани од нивни пријатели автоматски се поотворени и со поголема доверба гледаат на вашите комерцијални понуди.

Секако, фактот што Tagdevin обезбедува реакции во реално време - визираме и коментираме - го прави извонреден медијатор за сите учесници во процесот на интеракција со вашата понуда и знаење.






Contact | Mentions légales
Copyright 2007 - SAS Capacités - Tout droit réservé
26 boulevard Vincent Gache 44200 Nantes (SIRET 483 434 247 00019) - Capital de 154.500 euros

English

Franais

Macdonien